Средба Заев - Ромео: Никој нема право да ги запре демократските промени

21.04.2017 | 13:52
Прочитано: 6118

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, при што, соопштува СДСМ, е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.

„Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија“, рекол Заев, се вели во соопштението.

Според Заев, постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани, програма на нова реформска влада на унитарна Македонија и никој нема право да ги запре демократските промени.

Нагласена е, се вели во соопштението, потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговарало за ризиците од пролонгирање на деблокадата на демократските процеси, при што Заев потенцирал дека нема да дозволат последици на штета на граѓаните и на државата за интереси на поединци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.