Српскиот министер Ивица Дачиќ запеа во летувалиштето Паралија

29.08.2017 | 11:14
Прочитано: 4554

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, освен што е познат како остар на зборови, знае да ја покаже и другата страна. Дачиќ во грчкото место Паралија одржа и мал концерт за 350 учители од Јагодина, кои собранието на градот ги испрати на одмор во Грција. Министерот со години е познат како човек кој е мераклија на добрата песна, а омилена песна му е „Миљачка“ на Халид Бешлиќ.

Овојпат во паралија, Дачиќ, освен српските народни песни, во својот репертоар вклучи и грчки и руски песни. Дел и од присутни му се придружија во изведбата. Ова не е првпат министерот да се фати за микрофон. За првпат јавно пееше во емисијата на Огнен Амиџиќ и оттогаш му стана традиција секаде каде има добра музика и тој да се фати за микрофонот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.