Стапи на должност новата исландска влада

11.01.2017 | 21:03
Прочитано: 986
Новата исландска влада, предводена од премиерот Берни Бенедиктсон денеска беше инаугурирана, после долгите преговори за формирање на владејачка коалиција по изборите одржани во октомври 2016 година.
 
Трипартиската коалиција ги вклучува конзервативната Партија на независност на Бенедиктсон, Партија на обновува и формацијата „Светла иднина".
 
Партијата на независност има шест министри во кабинетот, при што, еден од нив е Гудлаугур Тордарсон, назначен за министер за надворешни работи.
 
Партија на обновува доби три министерства. Нејзиниот лидер Бенедикт Јоханесон го наследува Бенедиктсон на позицијата министер за финансии, а лидерот на „Светла иднина"  Отар Пропе ќе биде министер за здравство.
 
Четири министерства ќе бидат водени од жени.
 
Владејачката коалиција располага со 32 пратеници во 63-члениот парламент.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.