Стартува главната фаза од квалификациите за Светското кошаркарско првенство

23.11.2017 | 18:48
Прочитано: 564

Со осум натпревари денеска ќе започне главната фаза од квалификациите за Светското кошаркарско првенство што во 2019 година ќе се одржи во Кина.

Новиот систем на натпревари кој го наметна ФИБА, а на кој се спротивстави Евролигата придонесе репрезентациите да не можат да сметаат на најквалитетните свои играчи.

По септемврискиот неуспех, Македонија нема да игра во главната фаза. Новиот систем предвидува дека освен домаќинот (Кина) сите останати земји ќе мора да го минат овој филтер доколку сакаат да стигнат на завршницата.

Во европската зона, 32 селекции се поделени во осум групи. Тие ќе играат во три „прозорци“ ноемврискиот, а потоа и во февруари и јуни следната година, по што само последно рангираната нема да игра во втората фаза.

Денеска на програмата се дуелите во првите четири групи и тоа:

Група А: Словенија – Белорусија и Црна Гора - Шпанија

Група Б: Турција – Летонија и 19:00 Шведска - Украина

Група Ц: Полска – Унгарија и Косово – Литванија

Група Д: Холандија – Хрватска и Италија – Романија

Утре ќе се играат дуелите од 1.коло во останатите четири групи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.