Стопанската комора на Македонија одбележува 95 години работење

17.02.2017 | 15:39
Прочитано: 1116
Стопанската комора на Македонија денеска одбележува јубилеј, 95 години од коморското организирање и работење во Република Македонија. По тој повод, организира тркалезна маса на тема „Позицијата на малите земји во меѓународната економија - предности и недостатоци“.  
 
На тркалезната маса ќе присуствуваат најуспешните бизнисмени од регионот, како и истакнати државници, професори и истражувачи, меѓу кои Мило Ѓукановиќ, Стјепан Месиќ,  Владимир Глигоров, како  и други реномирани претставници од науката и бизнисот од земјата и од странство.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.