Страв во министерството за финансии, никој не сака да потпише исплата на субвенции

18.04.2017 | 19:09
Прочитано: 16144
Ништо од предпразничните ветувања. Земјоделците и денеска на шалтерите и банкоматите ги чекаа, но не ги добија субвенциите. Пред празникот директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Игор Златков, на дел од земјоделските здруженија им кажал дека после Велигден ќе има  исплата. 
 
„Минатата недела имав средба со земјоделските здруженија од Овчеполието и ги замолив за толеранција за исплатата до после празникот, дали ќе е вторник или среда не знам.Така ми кажаа мене и јас така им пренесов. Во моментов потпишувам налози за исплата во износ од 26 милиони евра и ќе ги пратам до трезор, и тука завршува мојата работа. Има уште налози за потпишување“. - вели Златков.
 
Дел од земјоделците велат дека денеска очекувале да имаат пари на сметките. Предупредуваат дека доколку до крајот на неделава не ги добијат субвенциите ќе излезат на протести.
 
„Ако неделава не добиеме пари, можни се протести. Зависи од самиот исказ на министерот, дали ќе ни организира средба во Министерството за финансии.“ - изјави Љупчо Арзинов,  претседател на Регионалниот сојуз на лозари. 
 
И додека земјоделците ги чекаат парите, налозите за исплата се загалевни и натаму во Министерството за финансии. Оттаму нема одговор кога ќе има исплата. Дел од економистите коментираат дека исплатата е блокирана, оти во Буџетот нема пари. 
 
Но, неофицијално како што дознаваме и покрај тоа што Антикорупциската комисија даде зелено светло за исплата, сепак надлежните не ја одбруваат оти стравуваат дека со овој потег ќе го прекршат Изборниот законик. 
 
Од друга страна претседателот на Антикорупциска Игор Тантуровски за телевизија 24 вели дека нема законска пречка за исплата на субвенциите. 
 
„Ние стоиме зад нашето мислење што го дадовме како комисија. А извршувањето на сите работи во врска со исплатата,  не е во наша надлежност туку кај Агенцијата и Министерството за финансии. Од наша страна ние сметавме дека субвенциите не се вонредни исплати, и дека се предвидени во планот и програмата на Агенцијата, а финансиските сресдтва се обезбедени во Буџетот, поради што нема законска пречка тие да се исплаќаат.“ - изјави Игор Тантуровски, претседател на ДКСК.
 
Државата на земјоделците им должи пари за субвенции за 2014, 2015 и 2016 година. Според информациите од Платежната агенција вкупно треба да се исплатат 92 милиони евра, прво ќе се исплаќаат дел од неисплатените субвенции за 2014 и 2015, а потоа за 2016 година.
 

Соња Јанковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.