Струмичките земјоделци реагираат на ниските откупни цени

18.06.2017 | 17:27
Прочитано: 16318
Пад на откупните цени на зеленчукот во струмичко. Зелката тешко се продава, краставиците речиси не се откупуваат а килограм домати од 30 паднаа на 15 денари за килограм. 
 
Земјоделците кои го прибираа родот тврдат дека за кус временски период цените вртоглаво паднале и покрај побарувачката пред се за домати. Велат дека годинава немало многу засеани површини под домати а со вакви цени земјоделците не можат да врзат крај со крај. Тврдат дека трговците си играат со нивната мака и тие се главните виновници за ниските цени.
 
„Овие домати види ги какви се квалитетни, цената треба да биде минимум  30 денари, да не падне под ова цена,“ - кажа земјдоелец од Просениково.
 
Дека не оди продажбата, потврдуваат и земјоделците на Кванташки пазар во Струмица. Велат дека со денови не можат да го продадат своето производство оти нема многу трговци.
 
„Ништо немам продадено ни за леб нема. Вреќа краставици за 50 денари,“ вели земјоделец од Баница
 
„Нит домати нит краставици, ништо не оди. Нема кој да праша, нема трговци“, вели земјоелец од Василево.
 
Трговците велат дека цените се резултат на големата понуда на пазарите на кои извезуваат. За краставиците немало интерес додека домати се појавиле и во Србија а проблем и понатаму прават ниските цени на албанскиот зеленчук кој станува се поконкурентен во источно европските пазари.
 

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.