Суд во Њујорк одлучуваше дали шимпанзото е личност

17.03.2017 | 11:59
Прочитано: 2252

Американскиот адвокат Стивен Вајз вчера пред Државниот апелациски суд во Менхетн аргументираше дека шимпанзата треба да бидат третирани како личности.

Вајз, кој е претставник на „Нонхјуман Рајтс Проџект" - организација за заштита на правата на животните, поднесе барање шимпанзата Томи и Кико да бидат ослободени од кафезот и да живеат „во азил“ на отворено, оти, како што вели, „заслужуваат подобар и поквалитетен живот“.

Тој веќе неколку години, засега неуспешно, се труди да докаже дека мајмуните треба ги уживаат човековите права.

Доколку го добие процесот, Томи и Кико ќе добијат азил на еден од островите близу Флорида.

„Нонхјуман Рајтс Проџект" во 2013 ја почна правната битка во име на Кико и Томи, а потоа и во име на Херкул и Лео, шимпанза што се користат за анатомски експерименти на Универзитетот Стоуни Брук на Лонг Ајленд.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.