Судар на ролеркостери во Мадрид, повредени 33 лица

16.07.2017 | 21:23
Прочитано: 5657

Во судир на два ролеркостери (возови тобогани) во забавен парк во Мадрид, повредени се 33 лица, меѓу кои шест деца помлади од десет години, соопштија шпанските власти.

Од итните служби се наведува дека за 27 лица потребно е болничко лекување поради повредите.

Несреќата во забавниот парк се случила кога еден од ролеркостерите не успеал да запре откако завршило возењето, па удрило во задниот дел на другиот воз кој се подготвувал да тргне.

Претставници од паркот во Мадрид изјавија дека ролеркостерот ја поминал секојдневната контрола за безбедносна проверка рано утрово.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.