Судот во Стразбур пресуди дека Миладинови неосновано биле во притвор

24.04.2014 | 18:22
Прочитано: 6397
По три илјади евра отштета поединечно и 1350 за судски трошоци треба да им плати државата на браќата Димитрија и Ѓорѓи Миладинови, како и на Димитрија Голабоски поради неосновано држење во притвор како обвинети во судскиот процес Изгрев, пресуди Судот за човекови права во Стразбур. 
 
Судот оценил дека тројцата биле држани во притвор неосновано и без доволни причини и дека во постапката пред апелацискиот суд не им било дозволено усно сослушување и еднаков третман како странки. 
 
Со првичната пресуда, која падна на Апелација, браќата Миладинови беа осудени на шест ипол години затворска казна за направен криминал и перење пари, а  Димитрија Голабоски на една година затвор. 
 
Во повторениот процес, на 14 Мај се очекуваат завшните зборови на одбраната, а потоа и пресудата за повтореното судрење. Притворот од 20 месеци за Миладинови е најдолг во македонската судска пракса.

Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.