Сугарески: „Тав“ ќе ги инвестира средствата во јавни добра од интерес на граѓаните

11.01.2018 | 19:44
Прочитано: 1300

„Тав“ ќе ги инвестира средствата во  јавни добра кои се во интерес на граѓаните, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговорајќи на новинарско прашање за што ќе се пренаменат парите што турската компанија е обврзана да ги инвестира согласно концесискиот договор и информациите дека нема да гради карго аеродром во Штип.
- Министерството има распишано одреден број тендери за канализации. Но, генерално  тие 45 - 46 милиони евра ќе се наменат за посебни потреби на граѓаните, рече Сугарески по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот.  
Во врска со формирањето национален авиопревозник, повтори дека се прават анализи и ова прашање ќе се регулира по примерот на Србија, со јавно-приватно партнерство.
- Се додека не се види целосната анализа, не би влегувале во авантури кои би биле однапред осудени, потенцира министерот Сугарески.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.