Summer beach festival 5 во Аngel’s caffe

27.08.2017 | 17:47
Прочитано: 1626
Многу забава, одлична атмосфера, добра музика и задоволни посетители се дел и од третиот ден – забава на еден од најдобрите настани ова лето во Македонија, Summer Beach Festival 5 кој се одржува на плажата во Штип и Angel's Caffe.
 
Соред организаторите исполнети се сите услови за денеска на најдобар можен начин се заокружи овогодинешното издание на фестивалот, преку програмата која трае во текот на делиот ден, и цела ноќ се до раните утрински часови.
 
Она што е во  центарот на вниманието и ја одбележува денешната дневна програма е најдобрата пена забава, момент кој ја поткрена атмосферата на највисоко ниво, и им обезбеди комплетно уживање на присутните во Angels Caffe. Сето ова како и секогаш  е поткрепено со одличната музика на Constantin Vlaho, Dj Dimitris Patsis, Galoski и DjFac.
 
Забавата ја доживува кулминацијата во текот на вечерните часови, а честа да ја заокружат овој пат им припадна на Dj Борче Панов, Dj K-105, Xenia Ghali, Marga Sol I Dj Nikifor. Срцата на ангелите овие три дена бијат во ист ритам, а нивните насмевки и позитивни впечатоци се најголемите сведоци дека денеска се заокружува уште едно комплетно успешно издание на Summer Beach festival во Штип.

Јана Серафимова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.