Сведоштва за услови во затворите

12.09.2017 | 17:41
Прочитано: 2346

Години поминати во казнено-поправниот дом во Идризво. Нашпите соговорници ќе речат повеќе казнен нималку поправен. мизерни услови – пренатрупани ќелии, мувлосани ѕидови, еден тоалет за 80 души, без пристап до здравствена заштита, сликите кои излегоа во јавноста за затворите во Македонија не може да ја доловат ниту одблиску вистинската слика оттаму – велат оние кои поминале во затворските ќелии.

Затвореник кој 11 години поминал зад решетки во Идризово раскажува за хоророт помеѓу четири ѕида. Сакаше да остане анонимен. Вели кој има да плати ќе добие и кревет, ќе добие и лекови. Корупцијата и наркобизнисот во затворите цвета. Пред камерата на ТВ 24 раскажува својата животна приказна.

„Корупција, нема услови, лекарства и тие штои ги нудат ги носат осудени лица, ги крадат и продаваат. Доктор има една смена, викендот нема доктори нема. Никаква здравствена помош. Тие кои се здрави ги водат во Бардовци. Наркобизнисот цвета, се што сакаш има.“ - вели еден затвореник.

После пет години поминати во Идризово, Љубе Бошковски вели дека не би посакал ниту неговите прогонители да го доживеат тоа што тој го доживеал таму. Идризово го опишува како место каде затворениците поминуваат уште една казна во услови кои не се човечки и не исполнуваат минимум од стандардите кои ги пропишуваат законите. Според него решение постои, а тоа е да се укине дискреционото право на директорот да одлучува кого ќе пушти порано од затворската казна - тоа да биде со закон регулирано како и да се спроведе законот за амнестија.

Бошковски вели дека станува збор за системски проблем и лоши казнено-правни политики на државата. Во такви услови – луѓето кога ќе излезат од затворите не може да се ресоцијализираат.

„Тие добро луѓе кои таму работат, воспотувачите, не можат да го применат процесот на ресоцијализација, на 1000 затвореници кои живеат во нечовечни услови. целата економија во Идризово е уништена, не постојан некогашните објекти во кои затворениците порано биле работно ангажирани.“ - вели Бошкоски.

Ниту осудениците не треба да бидат изложени на такви услови – вели Ване Цветанов кој и самиот поминал време во затвор. Според него законот на амнестија е за поздравување.

„Кога би се намалиле 30% од казните, би се намалилбројот на затвореници во затворот. Во Идризово, ако се намали толку, 300 луѓе од старт би заминале, а бројката за неколку месеци ќе стигне до 600-700 луѓе и затворот ќе има одржлива бројка, со што ќе се подобри храната зошто и буџетот е ист.“ - Ване Цветанов.

И Велија Рамковски кој неодамна излезе од затвор вели дека состојбите се катастрофални, условите мизерни. Според него поголем криминал има во затворот отколку надвор . Голем број на затвореници според рамковски се осудени за полесни кривични дела со построги казни а вистински криминалци сеуште се на слобода. Законот за амнестија вели Рамковски ќе обезбеди помал трошок за државата а и ќе ги олесни условите во затворите.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.