Свежо утро и пораст на дневната температура

14.09.2017 | 11:56
Прочитано: 462

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест  до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи  од  12 до 32 степена. Како што соопшти УХМР, следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.