Тачи на кафе кај Заев

19.06.2017 | 18:59
Прочитано: 5553
Мендух Тачи денеска на кафе кај Зоран Заев, прва средба на партиските лидери по формирањето на новата влада. На средбата двајцата се согласиле дека се што било од интерес на граѓаните заслужувало поддршка од опозициската партија.
 
Новиот премиер го поканил Тачи да ги поддржи политиките на владата со вградување на свои ставови. Тачи, пак, најавил дека ќе бидат конструктивна опозиција која што ќе ги поддржува реформските процеси.
 
„Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвиживање во евро-атланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно.“
 
Обидите за соработка помеѓу двајцата лидери во минатото им завршија неславно откако Тачи пред неколку години ги објави СМС пораките кои Заев наводно му ги испраќал на лидерот на ДПА. Тачи во тоа време изјави дека не користел ниски удари, но се решил да ѝ покаже на јавноста на што била подготвена тогашната опозиција со цел да постигне договор со него.
 
Од СДСМ тогаш не ги негираа пораките, но во таа прилика рекоа дека со објавувањето на пораките излерла на виделина коалицијата Сушико помеѓу Сашо Мијалков и Мендух Тачи.
 
„Преку Мендух Тачи, говори Сашо Мијалков. Со ова лидерот на ДПА Тачи покажа како кога соработува со некоја политичка партија, всушност одработува за службите на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на директорот на УБК, Мијалков.“ - велат од СДСМ.
 
Минатата недела Тачи оставри срдба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на којашто било разговарано за спроведување на Пржинскиот договор кој беше потпишан од лидерите на тогашните четири најголеми политички партии. Партијата на Тачи на последните избори освои две пратенички места и не го поддржа парламентарното мнозинство.

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.