Таравари: Здраво ВМРО, овде сум во Македонија, не сум на одмор

13.08.2017 | 17:59
Прочитано: 13227

До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ваков случај или пациент, соопштува Министерството за здравство.

„Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во министерството. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ како партија веднаш да достават документација, проследена со неопходни информации за случајот кој го споменуваат“, целат од Министерството.

Во меѓувреме министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук профил, напиша: „Здраво ВМРО, тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација.

Како второ, кажете која е пациентката што починала од труење на крвта, има ли име и презиме, ако има треба да се пријави во надлежните институции за да се преземаат мерки! Меѓутоа и вие знаете дека нема таков случај. Како трето, вие немате кредибиитет и релевантност да зборувате за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе. И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е“, напиша Таравари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.