Таткото на „Плејбој“, Хју Хефнер, ќе биде погребан покрај Мерилин Монро

29.09.2017 | 12:51
Прочитано: 2832

Легендарниот основач на „Плејбој“ Хју Хефнер, кој почина на 91 оставил аманет да биде погребан покрај неговата прва ѕвезда на магазинот Плејбој, Мерилин Монро.

Хефнер почнал да го издава „Плејбој“ во својата кујна дома во 1953 година. „Плејбој“ стана најпродавано машко списание во светот, со тираж од седум милиони примероци месечно во својот врв.

За неговата прва насловна страна, Хефнер ја одбрал Мерилин Монро, со цел директно да удри на машкиот дел од публиката со цел, првиот тираж да се продаде. И не погрешил, за само еден ден, „Плејбој“ се распродал за еден час, при што Хефнер морал да подигне и кредит за да печати дополнителни примероци.

Фотографиите од Мерилин Монро, Хефнер ги купил за 200 долари. Тие првично биле направени за календар во 1949 година.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.