Тензии во ССМ

11.01.2017 | 20:22
Прочитано: 2748
Новиот претседател на ССМ Дарко Димовски, побара, но не го доби решението од министерството за труд и социјална политика со кое Живко Митревски се враќа на претседателската функција.
 
Министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими не ги прими синдикалците, а службите од Министерството не знаеле каде е документот со кој Митревски тврди дека сеуште е е прв синдикалец. За разлика до Ибрахими, новиот министер за внатрешни работи Агим Нухиу разговараше со синдикалците. Тие побарале МВР да го обезбеди влезот во зградата на ССМ и да ги процесира случаите против разрешениот Митревски.
 
„Бевме веднаш примени од министерот Нухиу и си ги кажавме маките и тој рече дека ќе постапи се во рок на законите да ни обезбеди влез во зградата. Ова не можам да го кажам за министерството за труд и социјална политика. Таму наидовме на општ хаос и беше побарано решението и не ни го дадоа, бидејќи службите ни кажаа дека не знаеле каде е.“ - изјави Дарко Димовски – в.д. Претседател на ССМ.
 
Според синдикалците, министерството за труд и социјална политика е доведено во заблуда од страна на Митревски.
 
„Од она што разговаравме таму, видовме дека е направен општ хаос, доведени се во заблуда и врз основа на неговото известување или народски кажано на „жими мајка“, министерот издал решение со кое констатира дека Митревски е легитимен претседател на ССМ.“ - вели Пеце Грујовски, претседател на УПОЗ.
 
Нападнатиот претседател на Агро синдикатот, доби уверување дека МВР ќе го испита вчерашното насилство.
 
„Тоа што го кажавме го прифати има записи во МВР и ќе превземат соодветни мерки“ - вели Живко Даневски.
 
Синдикалните превирања ескалираа во насилствооткако Живко Митревски ангажираше приватно обезбедување, а потоа вратата на ССМ остана затвореназа синдикалците.

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.