Тереза Меј: Нема да не поделат

19.06.2017 | 17:40
Прочитано: 1121

Британската премиерка Тереза Меј го осуди  нападот што се случи синоќа пред џамија во северен Лондон. Тоа е „одвратен“ обид за уништување на слободите како што е слободата на вероисповед, оцени Меј.

Земјата нема да се подели поради овој напад, порача британската премиерка, која го осуди екстремизмот од секаков вид.

Во нападот загина едно лице, а десетина беа повредени, откако маж со комбе влета во толпа верници кои излегувале од џамијата, веднаш по рамазанската молитва. Сите загинати се муслимани. Напаѓачот е 48 годишен белец, кој пробал да избега, но бил соборен од група луѓе пред џамијата кои го предале на полицијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.