Тероризам во Париз

21.04.2017 | 17:57
Прочитано: 1886
Извршителот на синоќашниот напад на париската авенија Шанзелизе е идентификуван како 39-годишниот Карим Шеруфи кој живеел во Ливри-гарган во Сен сан Дени во парискиот регион, објави парискиот весник „Ле Монд“.
 
Според портпаролот на министерството за внатешни работи на Франција, напаѓачот пристигнал со автомобил на елисејските полиња, по што веднаш започнал да стрела од автоматско оружје врз полициската патрола која се наоѓала во автомобил. притоа тој убил еден полицаец, а двајца повредил. 
 
За време на неговиот обид во бегство бил застрелан од страна на другите полицајци од патролата. Синоќа веднаш по нападот на французите им се обрати и претседателот Оланд, оддавајќи му почит на загинатиот полицаец и на сите безбедносни сили, изјавувајќи дека мотивот за нападот е од терористичка природа.
 
„Мора да сфатиме дека нашите полициски сили се изложени на опасност. Мора да се направи се што е потребно силите на редот, полицајците, жандармите и војската да ги остваруваат нивните мисии. Нашите граѓани се заштитени, тие треба да бидат заштитени. Тие ќе бидат заштиетни “, изјави Оланд. 
 
А порака испрати и францускиот премиер Бернар Казнев кој повика на единство и борба против „прекумерното заплашување и стравот“.
 
„Наша должност е да не попуштиме пред стравот, заплашувањата и манипулациите, кои се во служба на непријателите на републиката. Против мрачните сили и нетрпеливоста мора да се води борба.“ - изјави францускиот премиер. 
 
Во меѓувреме на „јутјуб“ се појави аматерско видео од моментот на нападот. На снимката се гледа напаѓач вооружен со калашњиков како пука кон полицијата. 
 
Нападот се случи нешто пред 21 часот, кога авенијата Шанзелизе е најпосетена. Очевидци на настанот велат дека го забележале напаѓачот со калашников но не сфатиле дека демнее опасност се до моментот на пристигнување на полициското засилување и хаосот  на елисејските полиња. 
 
Вториот осомничен за вчерашниот терористички напад во Париз по кого трагаа француските власти и се предаде на белгиската полиција, соопшти портпаролот на француското министерство за внатрешни работи. А одговорноста за вчерашниот напад на елисејските полиња во париз  ја презеде милитантната група Исламска држава.
 
Париз како и повеќе други поголеми европски градови се наоѓаат под посебни мерки на претпазливост по серијата терористички напади во изминатиот период. 

Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.