Тигарче испратено по брза пошта во Мексико

08.02.2018 | 09:50
Прочитано: 1038

Мексикански инспектори пронашле младенче од тигар во пакет испратен по брза пошта.

Како што наведуваат локалните медиуми, никој не претпоставувал дека во пакетот се наоѓа тигар, се дури кучињата трагачи не го надушкале.

Тигарчето е „испратено“ од засега непознато лице од мексиканската сојузна држава Халиско, а било адресирано до сојузната држава Керетаро. Животинчето било дехидрирано, и веднаш е предадено во центар за заштита на животни. Моментно е во стабилна состојба.

„Пратката“ ги имала сите неопходни документи, но сепак е запленета, оти според мексиканските закони, испраќањето на животни по брза пошта е забрането.

Истрагата е во тек.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.