Тилерсон: Работата за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим почнува веднаш

07.12.2017 | 09:10
Прочитано: 1236

 

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Стејт департментот веднаш ќе почне со подготовките за да ја реализира одлуката на претседателот Доналд Трамп за преместување на амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Американскиот конгрес донесе одлука да ја пренесе амбасадата во израелскиот главен град во 1995 година, но оваа одлука беше постојано одложувана поради страв дека ќе им наштети на односите меѓу Израел и Палестинците.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.