Тодоров стави потпис на сомнителен тендер за изградба на Клинички центар

19.05.2017 | 18:57
Прочитано: 6352
Со музика на Штраус, на свечена церемонија во салата на владата во присуство на техничкиот премиер Емил Димитриев и лидерот на ВМРO-ДПМНЕ Никола Грувески, министерот за здравство Никола Тодоров го потпиша договор за изградба на новиот Клинички центар.  
 
Станува збор за инвестиција тешка над 72 милиони евра, иако претходно се најавуваше дека ќе чини помалку. Проектот ВМРО-ДПМНЕ го најавуваше со години, но реализација досега не виде. Сега кога е во тек формирањето на нова Влада, Тодоров упорно го турка проектот кој зад себе има серија на контроверзии од самото распишување се до потпишувањето. Тодоров стави потпис – но веднаш избега од камерите.
 
Од камерите избегаа и изведувачите. Не одговорија за серијата спорни моменти што се отвораат од овој тендер.
 
Новиот објект ќе го гради конозрциумот предводен од италијанската компанија Инсо системи, за која телевизија 24 обелодени документи дека има негативен бонитет, што е спротивно на тендерските критеруми. 
 
Но и покрај негативната финансиска кондиција, италијанската Инсо заедно  домашните фирми „Гранит“ и „Бетон“ ќе го градат новиот клинички. Инаку проектот се реализира со кредит од Банка на Советот на Европа кои од седиштето за телевизија 24 претходно посочија дека имаат испратено преставник кој го мониторира процесот и дека будно го следат спроведувањето.

Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.