Трамп ги отфрли обвинувањата дека кажал навредливи работи за дел од африканските земји

12.01.2018 | 18:26
Прочитано: 1085

Американскиот претседател не негира дека за време на состанокот посветен на имиграцијата изнел некои тешки зборови кон дел од земјите од африканскиот континент, но дека новинарите погрешно ја пренеле целата информација.

„Јазикот кој го употребив на состанокот беше тежок, но тоа не беа зборовите кои ги кажав,“ изјави Трамп, откако неколку американски медиуми го обвинија дека употребил вулгарни зборови за дел од африканските земји.

Владата на САД засега не ги негира ваквите обвинувања а портпаролот на Белата Куќа само кусо изјави дека за разклика од некои американски политичари, Доналд Трамп секогаш бил на страна на народот.

Сепак реагираа голем дел од претставниците на конгресот и сенатот кои побараа детална истрага и ако се утврди вина кај американскиот претседател, тој да сноси одговорност.

„Тоа е расистички елемент. Норвежаните се Белци и се од северниот дел на Европа. Неговите вулгарни коментари се однесуваа на жителите на Хаити и на Африка кои воглавно се црнци. Вакви слични коментари има давано и претходно кога изјавуваше дека во Нигерија луѓето живеат во колиби а жителите на Хаити ја носат сидата во САД“, вели Бил Шнајдер – аналитичар

Претставниците на Африканската унија пак велат дека се сериозно загрижени поради најновите коментари на Трамп.

„Со оглед на историската реалност за тоа колку Африканци пристигнале во САД како робови, оваа изјава е наспроти сите прифатени однесувања и практики. Ова е особено изненадувачко бидејќи Соединетите Американски Држави и понатаму остануваат глобален пример за тоа како миграцијата раѓа нација изградена врз силни вредности на разновидност и можност“, вели   Еба Калондо  - портпарол на Африканската Унија

Реагираше и владата на Хаити која го повика американскиот амбасадор во земјата да објасни зошто нивниот претседателот кажал навредливи работи за државата.

Од обединетите нации пак му порачаа на Американскиот претседател дека ако се потврди дека е точна информацијата за навредите кои тој ги изнел кон некои земји, тогаш тој е расист.

Дел од медиумите во САД пренесоа дека американскиот претседател за време на состанокот со претставници на сенатот, наводно кажал дека на САД не и се потребни бегалци од земји кои се погодени природни катастрофи, војна и епидемија, велејќи притоа дека таквите држави се пропаднати и ѓубре и дека наместо тоа владата треба да се фокусира да привлече жители од земји како што е Норвешка.


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.