Трамп: Мојата администрација работи беспрекорно

17.02.2017 | 18:59
Прочитано: 1136

Додека мојата администрација работи беспрекорно – медиумите шират приказни за хаос – ова беше порака од 76 минутната прес-конфернција на Доналд Трамп. Медиумите повторно се најдоа на црната листа на Трамп, кој на својата прва самостојна прес конференција во Белата куќа изјави дека тие се нечесни.

„Jaс сакам да видам еден искрен медиум. Важно е за публиката да имаат искрен медиум. Медиум на кој публиката ќе му верува – публиката не ви верува повеќе.“ - изјави Трамп.

На прес конфернцијата американскиот претседател најави дека следната недела ќе издаде нова извршна уредба за имиграција.

„Ќе издадеме нова и сеопфатна уредба со цел да се заштити нашиот народ.“ - изјави тој.

Трамп си го губи времето критикувајќи ги меидумите, смета австралискиот премиер Малколм Тарнбул. На пресс конфернцијата беа опфатени најразлични теми. Трамп ги спомена и тврдењата дека членови на неговиот предизборен тим повеќепати биле во контакт со руските претставници, тој ги отфрли овие тврдења како лажни вести. Токму овој проблем за контактите со рускиот амбасадор во САД, го тргна од функција Мајкл Флин , бидејќи се тврдеше дека не пренесувал целосни информации, а на неговото место Трамп му го понуди на вицеадмиралот Роберт Харвард кој пак го одби.

„Тоа е целосно личен избор. По 40 години во армијата сега имам уникатна можност да се радувам на мојот приватен живот.“ - изјави Роберт Харвард, командант на американската централна команда.

Харвард беше поранешен заменик – командант на американската Централна команда, а предлогот за функцијата советник за национална безбедност го добил веднаш по разрешувањето на Мајкл Флин.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.