Трамп не ја исклучи воената опција за Венецуела

12.08.2017 | 11:42
Прочитано: 1788

Вашингтон не ја исклучува воената опција за Венецуела, како одговор на ескалацијата на политичката криза во таа земја и обидите на претседателот Николас Мадуро да ја консолидира власта.

„Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи и потенцијална воена опција, ако биде потребно“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Администрацијата на Трамп претходно лидерот на Венецуела го нарече диктатор и покрена санкции против него.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.