Трансродно лице првпат на насловната на германски „Плејбој“

11.01.2018 | 11:11
Прочитано: 1308

На насловната страница на германското издание на „Плејбој“, првпат се најде трансроден модел, јави Би-Би-Си.

Џулиана Фарфала (21) ќе се појави со разголени гради, во согласност со традицијата на тоа еротско списание. Се работи за трансроден модел којшто веќе е познат по своите настапи во реални шоуа.

Главниот уредник на списанието, Флориан Боитин вели дека Фарфала е „прекрасен пример во борбата за право на одредување на својот идентитет". Тој натаму додава и дека овој потег е во согласност со традицијата на починатиот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер.

Американскиот „Плејбој“ лани прв „го скрши мразот“ објавувајќи фотографии од трансроден модел.

Фарфала е роден како Паскал Радермахер, во граду Брајсгау во југозападна Германија. Вели дека уште во раното детство се чувствувал/-а како да е во туѓо тело. Операцијата за промена на полот ја направил/-а на свои 16 години.

На својот Инстаграм, моделот објави дека е „супер-горда" поради списанието.

Францускиот модел Инес Рау лани стана првата „трансродна ’Плејбој‘ зајачица".


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.