Трговски центар Штип

07.12.2017 | 17:36
Прочитано: 2312

По пријавата на полицијата за двајца вработени во катастарот дека незаконски во имотниот лист  впишале поголема квадратура на Трговскиот центар во Штип, дел од сопствениците бараат да се прошири истрагата и врз други лица кои дозволиле да започне реконструкцијата на трговскиот без почитување на Законот за градење.

Не само вработените во Катастарот туку за незаконската реконструкција на Трговскиот центар во Штип треба да одговараат сите што дозволиле  да се прекрши Законот за градење. Адвокатскиот тим на дел од сопствениците на деловен простор, очекува обвинителството да ја прошири истрагата.

Двајца вработени во штипскиот катастар вчера заработија пријава бидејќи дозволиле да се впишат во имотниот лист 176 метри квадратни повеќе од површината предвидена со проектот за реконструкција на Трговскиот центар во Штип, со што пресметале од полицијата, компаниите што ја прават доградбата, ќариле околу 400 илјади евра.
По тужбите поднесени од сопствениците на деловен простор беа поништени дел од градежните одобрениија и постапката за нив почна од почеток, но од претходната локална гарнитура не се почитуваа судските одлуки. Новата локална власт вели дека чека постапката да заврши, по што ќе постапат согласно законот.

„Има пресуда од Управен и Виш Управен Суд, а во моментот предметот е вратен назад на повторна постапка. Имено, по обновена постапка, истиот е обжален од заинтересираните странки и во моментот се наоѓа на второстепена комисија при Министерство за транспорт и врски, на нивно одлучување, се вели во одговорот на општина Штип“.

Од стартот реконструкцијата и доградбата почна со кршење на Законот за градење бидејќи претходната локална власт издаде одобрение за градба ,но и покрај тоа што за тоа имаше обврска, не ги извести останатите сопственици на деловен простор да ги кажат своите забелешки на основниот проект.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.