Тридневна жалост во Португалија

19.06.2017 | 17:42
Прочитано: 958

Најмалку 62 лица загинаа во големиот пожар што веќе втор ден дивее во Португалија во регионот Педрогао Гранде. Многу од мртвите ги загубиле животите во своите автомобили додека се обидувале да избегаат од пожарот. Меѓу загинатите се и четири деца. Стотици пожарникари сè уште се борат со пожарот на неколку фронта, а од нив веќе се повредени четворица. Португалската влада прогласи тридневна жалост за жртвите на еден од најсмртоносните пожари во историјата на оваа земја.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.