Тројца мртви во нападот во училиште во Ново Мексико

07.12.2017 | 19:20
Прочитано: 598

Три лица го загубија животот во денешниот напад во средно училиште во американската сојузна држава Ново Мексико, вклучувајќи го и напаѓачот.

Шерифот Кен Кристесен изјави дека три лица, за кои се верува дека се ученици, се мртви во нападот во училиштетот Азтек. Тој не прецизираше дали напаѓачот е дел од тие три лица. Од друга страна, шефот на локалната полиција Мајк Хил, изјави дека три лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, но не соопшти дали станува збор за ученици или возрасни лица.

Локалните медиуми информираа дека во нападот има десетина повредени.

Локалната полиција реагираше по информацијата за пукотница во средното училиште, по што околните улици беа блокирани, а образовната установа евакуирана. И останатите школи во околината беа евакуирани и затворени.

Засега не е познато дали напаѓачот бил ученик, вработен или лице од надвор. Исто така, не се познати ни мотивите за нападот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.