Трудова инспекција во Водовод – директорот го нема?

20.04.2017 | 18:57
Прочитано: 10909
Директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација Александар Атанасов заработи кривична пријава за измама од Синдикатот на стопанство и туризам за неговото директорување без признаена диплома. Од синдикатот велат, Атанасов не може да седи во директорска фотелја бидејќи нема признаена диплома. Побараа негова смена. 
 
„Поднесовме преку адвокатската канцеларија Давидовиќ, до основното јавно обвинителство една кривична пријава за измама бидејќи дотичниот господин Атанасов иако знае дека неговата диплома е невалидна, истата не ја пријавува во Град Скопје кај градоначалникот Трајановски, и понатаму ја врши својата функција“, изјави Дарко Димовски, Суткоз.
 
Од синикатот  тврдат  дека во текот на вчерашниот ден трудови инспектори ја барале на увид дипломата на директорот Атанасов, но како што велат, тој  веднаш мистериозно исчезнал од фирмата. Од државниот инспекторат за труд потврдија дека по поднесена претставка биле во јавното претпријатие водовод и канализација.
 
„Вчера во ЈП „Водовод и канализација“ влезе тим на инспектори од трудовиот инспекторат каде што му беше побарана дипломата на Атанасов. Тој им рекол дека ќе им ја донесе а потоа, за среќа или несреќа, го снемал од просториите на јавното претпријатие“, изјави Димовски.
 
Директорот на водовод Александар Атанасов денеска остана недостапен за медиумите. Иако аферата за неговата невалидна диплома предизвика реакции во јавноста тој досега ниту ја демантираше ниту ја потврди веродостојноста на документот кој му обезбеди директорска позиција.  

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.