Турција гради музеј во знак на сеќавање на неуспешниот пуч

20.04.2017 | 11:41
Прочитано: 2813

Министерството за култура на Турција објави нацрт за градење на голем музеј кај Анкара во знак на сеќавање на неуспешниот пуч што се случи на 15. јули минатата година против претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

Во јуни ќе започне изградбата на музејот кој ќе го носи името „Музеј на мачениците и демократијата 15 јули“ и ќе биде отворен за посетителите до крајот на 2018 година.

Музејот ќе биде изграден во модерен стил на 10.000 квадратни метри во провинцијата Кахраманканзан во близина на Анкара.

Во музејот ќе бидат изложени привремени и постојани експонати „маченици и работници“ на 15 јули, а покрај тоа ќе бидат изградени и библиотека, кафич и продавници за сувенир. 

Пучот избувна ноќта на 15 јули кога незадоволните воени офицери го покренаа неуспешниот обид да го симнат Ердоан од власт, бомбардирајќи ја од авион Анкара и гајѓајќи ги главните мостови во Истанбул.

Пучот беше задушен откако над илјада приврзаници на Ердоган излегоа на улиците да ја изразат поддршка за претседателот на оваа земја.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.