Турција се заканува со поништување на договорот за мигрантите

16.03.2017 | 10:29
Прочитано: 1481

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу се закани дека Анкара може да се откаже од спогодбата со Европската унија за мигрантите од март 2016 година, со која драматично е намален мигрантскиот бран во Европа.

„Ние можеме таа спогодба еднострано да ја прекинеме. Се уште не ги информиравме нашите соговорници во ЕУ, се е во наши раце“, рече тој во интервју за една турска телевизиска станица во врска со тензиите меѓу Турција и неколку европски земји.

Тој ја критикуваше Унијата дека, спротивно на спогодбата, не одобрила либерализација на визниот режим за државјаните на Турција. Односите меѓу Турција и ЕУ се влошија откако Германија и Холандија не им допуштија на турски министри да одржат митинзи за планираниот референдум за уставни промени во Турција. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.