Турскaтa полиција запленила 600 килограми хероин на границата со Иран

17.02.2017 | 10:06
Прочитано: 3406
Турската погранична полиција на границата со Иран открила 600 килограми хероин во камион чија крајна дестинација била Бугарија, јави БТА.
 
Иранскиот државјанин кој управувал со камионот пријавил дека пренесува градежни материјали. Рендген уредите покажале повеќе товар, и по деталниот претрес на возилото се откриени наркотици. Иранецот е задржан во притвор заради натамошен распит. По стручна анализа на содржината, е утврдено дека се работи за хероин.
 
Според податоците на турската гранична служба, тоа  е најголемото количество наркотици кое е запленето годинава, а неговата вредност се проценува на околу 60 милиони турски лири или 15 милиони евра.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.