Твитер им дозволи на дел од корисници да пишуваат двојно подолги пораки

27.09.2017 | 12:52
Прочитано: 747

Социјалната мрежа твитер неочекувани им дозволи на дел од своите корисници да пишуваат двојно подолги пораки со 280 карактери, за разлика од сегашното ограничување на максимум 140 карактери за секоја порака.

Директорот Џек Дорси самиот ја најави промената пишувајќи порака во новиот, подолг формат.

„Ова е мала промена, но за нас претставува голем чекор. Изборот од 140 карактери беше направен произволно, врз основа на границата од 160 карактери во СМС пораките. Горд сум колку тимот беше посветен на решавање на проблемите кои луѓето ги имаа кога се обидуваа да твитаат. Во исто време, ќе ги зачуваме краткиот израз, брзината и суштината“, твитна директорот Дорси.

Засега само мал број корисници ќе имаат можност да пишуваат во новиот подолг формат од 280 карактери, а по пробниот период компанијата ќе реши дали да им дозволи на сите свои корисници да пишуваат подолги пораки.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.