Убедлива победа на партијата на Макрон на изборите во Франција

19.06.2017 | 17:47
Прочитано: 884
Се засилува политичкиот подем на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон. По вториот круг од од парламентарните избори неговата центристичката коалиција со апсолутно мнозинство се вкоренува во Националното собрание.  
 
Со 350 пратенички места од вкупно 577 коалицијата формирана од партијата на Макрон, Републиката напред, инаку формирана пред една година, и Демократското движење освоија 60,7 отсто пратеници во парламентот. Дел од аналитичарите сметаат дека досега речиси никогаш немало толку силен почеток на некој француски претседател.
 
Сепак, досега спроведените анкети предвидуваа уште поубедлива победа, што би значело двотретинско мнозинство и потоп на целокупната конкуренција, но, тоа не се случи. Макрон освои комотно мнозинство кое, според анализите, ќе му ги олесни годините во Елисејската палата. Најмоќна опозизициска сила во идниот француски Парламент ќе биде блокот предводен од конзервативната партија на Репубиканците со освоени 130 пратеници. 
 
„Екстермно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен освои 8 пратенички места; Блокот на Социјалистичката партија  и Левата радикална партија, кои досега имаа 280 пратенички места  ќе имаат 33 пратенички места, што претставува историски пораз на умерената левица; Левичарската партија Бунтовна Франција освои 17 пратеници; Француската комунистичка партија 10.“
 
За младиот Макрон следните години се предизвик во кои ќе треба да ги убеди Французите со планови и реформи. Неговиот углед и успех зависат од тоа дали ќе ја модернизира земјата и ќе ја раздвижи економијата. Победи, како што велат аналитичарите, на растечкото граѓанско незадоволство од претходната политичка елита. Опозицијата со повеќе забелешки за мнозинството на Макрон.
 
„Нашите луѓе масовно протестираа за нивната должност да гласаат на изборите. Можам да кажам дека на крајот од усвојувањето на законот за работни односи, ние им го даваме на готово без борба.“ - изјави Жан Лук Меланшон, лидер на екстремната левица
 
Германската канцеларка Ангела Меркел прва му ја честита победата на Макрон изразувајќи надеж дека „добрата соработка меѓу Берлин, Париз и Европа ќе биде продолжена“. На 15 мај, лидерите на Франција и на Германија се сретнаа и ја разгледаа новата „патна карта“ на ЕУ. Планот е во идните две или три години, додека Франција спроведува структурни економски реформи, Германија да се погрижи за засилување на неопходната европска финансиска солидарност.

Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.