Убиен полицаец во Париз при вооружен напад

21.04.2017 | 00:56
Прочитано: 7948

Еден полицаец е убиен, а уште двајца се ранети во напад во центарот на Париз. Напаѓачот е убиен, а француската полиција трага по можни соучесници. Мотивите за нападот не се познати. Нападот се случил кај Елисејските полиња, а местото е целосно затворено од полицијата, а на граѓаните им се советува да го избегнуваат центарот на Париз. Според извештаите, најверојатно се работи за еден напаѓач вооружен со автоматско оружје, иако има информации и дека се трага по уште еден соучесник во нападот.

Возило застанало на Шанзелизе 102 пред полициско комби, а од него излегол маж и почнал да пука со автоматско оружје и во престрелката со полицијата, тој е убиен.

На снимките на социјалните мрежи може да се забележи големо полициско присуство на најпознатиот париски булевар, а хеликоптери го надлетуваат градот. Инцидентот се случува на само неколку дена пред првиот круг од претседателските избори во Франција закажани за в недела. Тероризмот и заканата од исламските милитанти беа главна тема во кампањата која ветува голема неизвесност.

Двајца од кандидатите, Марин Ле Пен од екстремно десната партија Национален фронт и десничарот Франсоа Фијон најавија дека ги откажуваат утрешните митинзи. Утре е последен ден на изборната кампања.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.