УЕФА потврди, Македонија ќе биде носител во Лигата на нации

07.12.2017 | 20:52
Прочитано: 6070

УЕФА го потврди статусот на Македонија како носител во новоформираната Лига на нации. Тоа ќе биде натпреварување кое ќе ги замени пријателските дуели и ќе ѝ понуди на Македонија многу полесен пат до едно Европско првенство од класичните квалификации. Нашата репрезентација ќе биде носител заедно со Азербејџан, Белорусија и Грузија, во најниското ниво, таканаречената „лига Д“ од Лигата на нации.

На ждрепкта на 24 јануари, ќе добиеме противници како Ерменија Летонија, Фарски Острови Луксембург, репрезентации кои се сместени во вториот шешир и така по една и од третиот и од четвртиот шешир соодветно. Победниците од сите четири групи ќе играат полуфинале, а вкупниот победник во оваа лига Д ќе се пласира на ЕП во 2020 година.

Лигата на нации треба да почне во септември 2018 година и ќе претставува втора шанса за пласман не ЕП, покрај класичните квалификации кои ќе се одржуваат редовно.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.