УЕФА се заблагодари за организацијата на Супер купот

09.08.2017 | 12:30
Прочитано: 2019

Европската фудбалска федерација (УЕФА) со пофални зборови на својот твитер канал изрази воодушевување од организацијата.

Натпреварот и се што беше предвидено на Националната Арена „Филип Втори“ се одвиваше без забелешки.

„Благодариме Скопје. Фантастичен домаќин на Супер купот 2017“, е напишано во објавата.

Реал Мадрид по четврти пат во историјата го освои Супер купот на УЕФА. Екипата предводена од Зинедин Зидан покажаа моќна игра и заслужено дојдоа до трофејот.

Францускиот стратег го надмудри Мурињо, Реал славеше во Скопје против Манчестер јунајтед и тоа со Роналдо само десет минути на теренот.

Зидан во Скопје го освои шестиот трофеј во кариерата и продолжува по патот кој го помина како фудбалер.

Манчестер јунајтед пак не успеа да стигне до својот втор пехар во Супер купот, а нивниот менаџер Жозе Мурињо и натаму останува без победа во ова натпреварување откако претходно има по еден пораз со Порто и со Челзи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.