Угостителите со барања до владата

17.07.2017 | 17:50
Прочитано: 5792
Да се продолжи работното време на угостителските објекти во земјава – побараа туристичките работници. Велат дека тоа е потребно особено во летниот период. 
 
„Согласно законот за угостителство, сите се ограниќени со работното време. За туристичките дестинации кај нас сме на мислење дека не треба да имаат такво работно време како штои сега е во законот и затоа со новата влада инсистираме да разговараме за промена на работното време.“ - вели Горан Дамчевски, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот  при Стопанската комора на Македонија
 
Од друга страна, туристичките работници, обвинија дека категоризацијата на хотелите сега ја прават нестручни лица, наместо луѓе од фелата, и побараа решение на овој проблем што е можно поскоро. 
 
„Во претходната влада искажавме несогласување со предлогот на владата и носење на решение за таков вид на категоризација со формирање на комисија кохја е нефункционална и гломазна. Сакаме да се смени нејзиниот состав.“ - вели Дамчевски.
 
Во Македонија категоризирани се 450 хотелски објекти со околу 8.000 соби и нешто повеќе  од 17.000 легла. 
 
„Во Македонија се евидентирани официјални 450 хотелски објекти со близу 8000 соби и 17 0000 легла.“ - вели Даниела Михајловска – Василевска, Стопанска комора на Македонија.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во првите пет месеци од годинава споредно со минатата година е зголемен, а туристите најмногу ги посетувале холетите со четири ѕведички. Најмногу туристи имало на езерските места, а втор на списокот по посети е Скопје. Во земјава најмногу туристи кои ја посетиле биле од Турција. 
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.