Укинати вонредните мерки за намалување на загадувањето

11.01.2018 | 10:10
Прочитано: 657

Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот од денеска престануваат да важат.

Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПМ 10 честички во воздухот.

Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера министерството за животна средина и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките биле под дозволената граница, односно само една мерна станица покажала поголемо загадување од дозволениот праг на загадувачките материи во воздухот.

Престанувањето на важењето на вонредните мерки значи и дека од денеска е  укинат бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз во Скопје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.