Уругвај продава нацистички орел, вреден 50 милиони долари

16.08.2017 | 12:14
Прочитано: 4477

Бронзана статуа на нацистички орел со висина од 2,74 сантиметри, ќе биде понудена на аукција во Уругвај, а се очекува да постигне цена од 50 милиони долари.

Статуата, која бизнисменот Алфредо Етчегареј ја извлече од морето, се наоѓа во складиште на уругвајската морнарица уште од 2006 година.

Врховниот суд донесе одлука дека орелот, тежок околу 300 килограми, и припаѓа на државата, но дека половина од профитот остварен на аукција му припаѓа на Етчегареј. Сепак, досега аукција не е одржана.

Сега се очекува дека аукција набрзо ќе биде организирана и тоа на предлог на уругвајската опозиција, која верува дека со тоа ќе се придонесе за финансиските потреби на државата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.