Уште 10 дена можност за забелешки за законот за медиуми

20.11.2017 | 18:54
Прочитано: 1477

Еден од поголемите проблеми кои произлегуваат од предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е можноста за фаворизација на одредени медиуми. Предлагачот на предлог законот предвидува воведување на обврска од задолжително реемитувањето на 5-те национални телевизии кои емитуваат програмска содржина на дигитален теристријален мултиплекс.

Лидија Голубова, адвокат на ТВ 24 вели дека станува збор за дискриминирачка одредба бидејќи ги опфаќа само оние национални телевизии кои емитираат на дигитален терестријален мултиплекс, додека останатите национални телевизии меѓу кои и ТВ 24 се изоставени поради тоа што емитуваат програмска содржина преку сателит или преку друг ресурс. Според адвокатот Голубова оваа одредба од предлог законот треба да биде избришена.

„Која е намератаи кој е националниот интерес на државата да ги фаворизира петте национални телевизии коишто емитуваат програмски содржини  од општи формат преку дигитален теристријален мултиплекс. Прашањето е зошто одредени телевизии коишто емитуваат квизови, турски серии, кујни се нод национален интерес, а не телевизии коишто од едукативен карактер“  вели Лидија Голубова – адвокат на ТВ 2.

За ваквата одредба која произлегува од предлог законот за аудио и аудиовизулени медиусмки услуги реагираа и од кабелските оператори.

„Оваа одредба не треба да се применува, односно односот меѓу кабловските оператори и телвизиите е чисто комерцијален и нема потреба од никаква правна уредност на овој однос кој го имаат веќе кабелските оператори и националните телевизии.“ - вели Љупчо Докузов – адвокат на кабелскиот оператор „ Телекабел“.

Министерот Дамјан Манчевски вели дека дополнително ќе го разгледа прашањето со кое во предлог законот стои задолжителното реемитување на 5те национални телевизии, но не и на ТВ 24 и покрај тоа што сите плаќаат ист надомест за лиценца.

„Сметаме дека сме отворени и за дебата на ова прашање и во наредниот период ќе организираме посебен состанок на сите заинтересирани страни и на кабелските оператори и на условно кажано, националните приватни телевизии, но и на кабелските телвизии за да заеднички го решиме ова прашање.“ - вели Дамјан Манчевски - министер за информатичко општество и администрација.

И министерот без ресор Роберт Поповски на ист став како и министерот Mанчевски.

„Повторно ќе имаме средба да видиме што точно подразбира дозволата што ја имаат петте национални и другите коишто имаат кабелско-сателитска дозвола, а кои зрачат на национално ниво и притоа никој не смее да биде оштетен ниту привилегиран.“ - вели Роберт Поповски - министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност.

Во прилог на тезата дека е потребно поинаку да се регулора материјата, говореа и дел од дискутантите посочувајќи дека одредени национални телевизии ги кршеа или ги кршат сите етички стандарди.

„Канал 5 и Сител се докажаа дека не ги исполнија задачите кои им се дадени со закон. Да ги информираат граѓаните, да работат за општо добро, тие работеа против државата, тие работеа во корист на мафијата и вие не смеете да ги оставите, тогаш ништо не сме направиле, вие само ќе владеете подобро од бившите, ама нема да создадете механизми за во иднина пак да не ни се случи груевизам.“ - вели Саше Ивановски – сопственик на Мактел.

Покрај оваа спорна одредба, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на јавната дискусија изјави разочараност од предлогот на новата Влада за Закон за медиуми, со кој, според него, ќе се воведе цензура во медиумите и ќе се „озакони новинарската етика“. Министерот без ресор Поповски и министерот Манчевски возвратија дека ова не е финална верзија на законот, туку дека се уште има можност за предлози и забелешки.



Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.