Уставниот суд контра препораките на Прибе

25.02.2016 | 16:59
Прочитано: 4145
Последната одлука на уставниот суд директно се спротиставува на препораките на извештајот на  бриселскиот експерти Рејхард Прибе, кој инсиистира пред претстојните избори да се расчистат изборните нерегуларности.
 
Вака дел од набљудувачите кои на дневна основа го мониторираат спроведувањето на итните реформски приоритети и препораките на Прибе ги коментираат последните случувања во однос на обврските кои итно се бараат од земјава, и од кои зависи и повторувањето на препораката за членство во ЕУ. 
  
Од Институтот за европска политика  децидни дека многу малку е суштински спроведено од она што го побара германскиот експерт од земјава, а владата се обврза да го спроведе. Порачуваат дека немаат детали до каде е планот на Владата што им го презентирал вицепремиерот за евроитеграции.
 
До каде е акцискиот план со кој владата се фалеше дека ќе бидат опфатени препораките на Прибе и итните реформски приоритети од владата денеска не можеше да се добие конкретен одговор.
  
И додека македонските функционери молчат, од европските секојдневно стигнуваат пораки дека Брсиел но и Вашингтон не заборавиле на извештајот на Прибе. Европратеничката тројка по посетата во земјава вчера во заедничка изјава повтори дека освен изборите токму препораките ќе бидат уште едно мерило дали препораката треба да се одмрзне дека меѓународната заедница одблизу ќе го следи спроведувањето на идните европски обврски, меѓу кои и итните реформски приоритети порача и амбасадорот на САД од пред владата која ја презентираше оценката.
 
Најконзистентен во барањето за итни реформи во земјава и дијалогот да се сведе на суштина , а наместо за технички детали, е медијаторот на ЕК во земјава Питер Ванхауте. Препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред во Брисел по изборите на 5 јунуи, но освен кредибилни избори македонија мора да испорача и конекретни резултати.

Друшица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.