Усвоена мерката од Планот 3-6-9 за стопирање владини реклами

24.08.2017 | 15:09
Прочитано: 2074

Владата на денешната 24-та седница ја усвои мерката од Планот 3-6-9 која се однесува на стопирање на владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет-портали, со исклучок на социјалните медиуми, и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис.

„Согласно оваа мерка, Владата на Република Македонија донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет-портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9“, соопшти владината прес-служба.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.