Утре штрајк во МПМ

16.02.2017 | 15:38
Прочитано: 2423

Утре вработените на весниците под „Медиа принт Македонија“ ќе го стартуваат штрајкот. Новинарите на „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“ не ја добија јануарската плата во предвидениот рок што му го дадоа на менаџментот.

Тие од утре нема да работат четири часа и со транспаренти ќе ја заобиколат канцеларијата на МПМ.

Како што менаџментот одбегнува средба со новинарите, така се подолго ќе се штрајкува, велат новинарите. „Медиа принт“ засега не се произнесе за состојбите во компанијата. Од синдикатот на новинарите и на медиумските работницити велат дека штрајкот е организиран законски.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.