Вал Килмер сериозно болен

07.08.2017 | 10:16
Прочитано: 4603

Вал Килмер го откажа присуство на неколку јавни настани, поради што неговите обожаватели се загрижија за неговото здравје.

Актерот во јули пропушти два настани на Флорида, официјално поради „семејни причини“, како и отворањето на сопствената изложба во Лос Анџелес.

Килмер неодамна призна дека боледувал од рак, откако тој тоа постојано го негираше повеќе од една година.

Последниот настан на кој не присуствуваше актерот беше премиерното прикажување на филмот „Граѓанинот Твејн“, снимен според неговата истоимена монодрама.

Килмер е член на една христијанска секта, која секоја болест ја доживува како „ментален проблем“ кој може да се реши со молитва.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.