Вандализам: Оштетен музејот на албанската азбука во Битола

22.11.2016 | 21:29
Прочитано: 4372
На денот на одбележувањето на албанската азбука Домот во Битола осамна со искршени прозорци и пораки со навреди за Албанците.
 
Неофицијално полицијата веќе му е во трага на сторителот, бидејќи камерите кои го обезбедуваат Домот го снимиле лицето кое залепил плакат и со бехатон плочки ги искршил стаклата од влезната врата. На залепениот плакат има лав со меч на кое се напишани навредливи текстови. Директорот на Домот  Нуер Арслани го осуди ваквиот настан и порача да се чуваат меѓуетничките односи.
 
Ваквиот настан го осудија и од Демократската унија за интеграција.
 
На денешен ден во 1908 година, Албанци интелектуалци од Балканот на конгрес во Битола ја унифицираат албанската азбука. На Битолскиот конгрес, албанските интелектуалци испратиле порака на заедништво, пријателство, доверба и разбирање.

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.