Вангеловски не бил по увид за налогот, туку го проверувал АКМИС во Гевгелија

13.10.2017 | 13:25
Прочитано: 6422

 

По вчерашниот молк од страна на највисоките судски власти, Јово Вангеловски и Зоран Караџоски, денеска со кусо соопштение се огласи претседателот на Врховниот суд. Тој вели дека не бил во гевгелискиот суд за проверка на налогот кој Катица Јанева го доби за да изврши претрес кај поранешниот претседател на Кривичен ,Панчевски туку правел редовна контрола на АКМИС системот.

„Во текот на 12.10.2017 година беше остварена работна посета на Основниот суд Гевгелија од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и Раководителот на служба за информатика на Врховниот суд на Република Македонија при што беше извршена контрола на функционирањето на АКМИС Системот.
По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС Системот ќе бидат донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана.
Ваквиот тип на работни посети се планирани во наредниот период во сите судови во Република Македонија. Се работи за вообичаени активности во насока на подобрување на функционирањето на АКМИС Системот, стои во соопштението од Врховен суд.

Караџоски сеуште молчи и не открива дали тој бил да ја преиспита законитоста на налогот на панчевски иако пред два дена тв 24 објави дека Судскиот совет го отворил случајот Панчевски и се најавуваше преиспитување на налогот за кој Панчевски се жалев во своето известување во советот.

 

 

 

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.