Вардар домаќин на Загреб, Металург на Горење во СЕХА

17.10.2017 | 13:28
Прочитано: 858

Ракометарите на Вардар денеска ќе излезат на мегдан повторно со хрватскиот првак Загреб, но, во рамките на шестото коло од регионалната СЕХА лига.

Загреб пред околу две недели гостуваше во „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите и тогаш загуби убедливо од Вардар со 28-21.

Интересно, во СЕХА лигата Загреб само еднаш се радуваше во Скопје, во финалето на Ф4 турнир, а на сите други натпревари, традицијата е на страната на Вардар. Па така и денеска не е спорна фаворитската улога, признаваат и „Црвено-црните“, но нема да им биде лесно бидејќи ќе играат без неколку повредени играчи, од кои двајца пивоти. Марсениќ ќе биде единствениот на линијата од шест бидејќи Стоилов и Мораес сигурно нема да играат.

Повреден е и шишкарев, но за него постои можност да настапи. Натпреварот се игра од 17. 30 часот.

Нема одмор ниту за ракометарите на Металург, кои, пак, утре ќе се обидат позитивните резултати од минатата седмица во ЛШ, да ги продолжат и во СЕХА лигата.

По триумфот на гостувањето кај Чеховски Медведи, како и ремито претходно кај Мотор Запорожје, во Скопје доаѓа тимот на Горење Велење во шестото коло од регионалната лига.

Минатата сезона Металург успеа да ја добие словенечката екипа, но сега тие го имаат Жељко Бабиќ за тренер и играат на повисоко ниво, помогнати од настапот во ЛШ.
Александар Јовиќ, заменикот на Лино Червар, вели не му е толку важен резултатот, колку пристапот на играчите. Сепак, младите металурзи ја посакуваат утрешната победа во „Борис Трајковски“ од 18.45 часот.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.